- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 233.75 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 20, 2016
- Последна промена ноември 5, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.78/2015
Според стојалиштето на второстепениот суд, во случајот не биле исполнети законските услови за да се изврши трансформација на работниот однос од определено на неопределено работно време, со оглед дека покрај општите услови за трансформација на работниот однос, било потребно за работното место да се обезбедени финансиски средства согласно Законот за извршување на буџетот, за односната година. Второстепениот суд прифатил дека во случајов не постои согласност од надлежното Министерство за да се обезбедат финансиски средства за работното место на тужителот, па самиот факт што работниот стаж на тужителот кај тужениот во континуитет изнесувал повеќе од 5 години не можело да биде причина за трансформирање на работниот однос на тужителот од определено на неопределено работно време.
Меѓутоа, според Врховниот суд на Република Македонија, основано се укажува во ревизијата на ревидентот, дека ваквото образложение на второстепениот суд е нејасно и противречно на изведените докази во текот на постапката. Ова од причини што, второстепениот суд иако во целост ја прифаќа фактичката состојба утврдена од страна на првостепениот суд, дека тужителот според изведените докази, а особено според изјавата под бр.02-410 од 25.10.2012 година на директорот на тужениот, на наведената дата тужителот имал работен стаж од 6 години и 10 месеци, дека работел кај тужениот на определено време на работно место кое било ослободено по основ на пензионирање пред повеќе години – старо финансирање и дека биле обезбедени финансиски средства како и дека имало трајна потреба од работникот, сепак го одбива тужбеното барање, со образложение дека не се обезбедени финансиски средства за предметното работно место. Второстепениот суд, за наведените факти, воопшто не дал образложени причини, ниту пак навел од кои правно релевантни факти заклучил дека не биле обезбедени финансиски средства за работното место на тужителот, односно дека не постои согласност од надлежното Министерство да се обезбедат финансиски средства, што пресудата уште повеќе ја прави нејасна и неразбирлива. Дотолку повеќе што станува збор за работно место ослободено по основ на пензионирање пред повеќе години-старо финансирање.”