Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.97/2018

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 578.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 6, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев3.бр.97/2018

„(...) За овој суд нејасен е заклучокот на второстепениот суд дека тужителката не работела непрекинато кај тужениот, ако се имаат во предвид утврдените решителни факти од првостепениот суд и прифатени од второстепениот суд дека тужителката сметано од 12.04.2013 година, па до последниот анекс договор до 30.11.2017 година и до престанокот на работниот однос на 05.12.2017 година без прекин работела на истото работно место со полно работно време, односно во одредени периоди повеќе од половина од работното време во работната недела. Поради противречноста во утврдената фактичка состојба и прифатеното од второстепениот суд потребно е да се утврдат факти кои се од решително значење по предметното тужбено барање во смисла дали тужителката ги исполнила условите од член 46 од Законот за работните односи за да работниот однос од определено време се трансформира во работен однос на неопределено време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-840/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право