Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.82/2020

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 1.03 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 26, 2020
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.82/2020

„Согласно ставот 3 од член 46 од Законот за работни односи, работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, освен договор за вработување за време на сезонска работа, се трансформира во работен однос на неопределено време, ако работникот продолжи да работи по истекот на рокот од став 1 на истиот член, под услови и начин утврдени со закон.

Според член 79-г став 1 од Законот за основното образование („Службен весник на Република Македонија“ број 103/2008, 33/10, 116/10, 156/10, 18/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 116/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16 и 127/16), вработените во основните училишта кои вршат работи од дејноста основно образование, имаат статус на даватели на јавни услуги во основното образование и за нив се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи.

Согласно член 83 став 2 од истиот закон, наставниците можат да засноваат работен однос на определено време до крајот на учебната година, доколку на јавен оглас не се пријави лице кое ги исполнува условите утврдени со закон, а според ставот 3 од истиот член, наставниците можат да засноваат работен однос на неопределено време, пократко од полното работно време, доколку обемот на работата изнесува најмалку половина од работното време во работната недела на начин утврден со закон.

Согласно член 88 став 3 од Законот за основното образлование, неделниот фонд на наставни часови за предметниот наставник изнесува од 20 до 23 часа во кои не влегуваат часовите за дополнителна и додатна настава.

Поаѓајќи од цитираните одредби од Законот за основно образование, второстепениот суд не дал причини дали се исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителот во смисла на член 46 став 3 од Законот за работни односи. Особено, имајќи ја предвид одредбата од член 83 став 3 и член 88 став 3 од Законот за основно образование, а со оглед што тужителот бара трансформација на работен однос и склучување на договор за вработување на неопределено време за работно место наставник по историја, утврдените факти на кое работно место се склучувани договорите со тужителот на определено време и утврдените факти колку часови и по кои предмети изведувал кај тужениот.”

Претходно Пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.69/2020
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право