- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 224.12 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 21, 2017
- Последна промена ноември 5, 2024
Решение на Врховниот суд на Република Македонија Рев2.бр.563/2015
„Во конкретниот случај, во ревизијата основано се укажува дека и првостепениот и второстепениот суд сториле суштествена повреда на одредбите од Законот за парничната постапка, бидејќи не се изјасниле по однос на истакнатиот од тужениот приговорот за застареност на тужбеното барање. Тужениот во ревизијата истакнува дека со одредбата од член 115 од Законот за работните односи, паричните побарувања за работен однос застаруваат во рок од 3 години од денот на настанувањето, а во случајот тужбата на тужителот била поднесена на 21.01.2014 година, па бидејќи станува збор за парични побарувања во период од 01.08.2009 година до 21.01.2011 година и дека се постари од 3 години, па во смисла на одредбите од Законот за работните односи, тужениот смета дека се застарени. (...)
Според Врховниот суд на Република Македонија, одлучувањето по тужбеното барање без притоа да се цени приговорот за застареност, кој приговор е од материјално правна природа, и кој произлегува од институтот застареност со ценење на соодветни околности дали се изминати рокови за да се смета дека настапила застареност или не, е пропуст на пониските судови кои ги прави пресудите неподобни за испитување.”