Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.19/2019

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 962.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 11, 2019
  • Последна промена ноември 5, 2024

Решение на Врховниот суд на Република Северна Македонија Рев3.бр.19/2019

„(...) согласно предвиденото во член 37 став 1 од Законот за заштита од дискриминација, тужителот кој тврди дека во согласност со одредбите на овој закон е сторена дискриминација е должен да ги изнесе фактите што го прават тврдењето веројатно и тогаш товарот на докажување преминува на тужениот да докаже дека не постои дискриминација. Дотолку повеќе што и согласно член 10 од Директивата 2000/78/ЕС, тужителот е должен да прикаже факти пред судот од кои може да се претпостави дека се случила дискриминација.

Оттука, нејасно е и за овој суд од кои причини и врз основа на кои утврдени факти второстепениот суд прифатил дека тужителот не сторил веројатно дека дискриминацијата би можела да биде извршена, односно не создал случај на дискриминација, па дека од тие причини товарот на докажувањето не преминал од тужителот на тужениот како претпоставен дискриминатор за извршената дискриминација. Ова, особено од причина што и по оценка на овој суд, тужителот изнел доволно факти со кои ја докажувал дискриминацијата што била вршена врз него од страна на Д. секретар на тужениот на работното место.

Имено, утврдените решителни факти од страна на првостепениот суд дека тужителот против двете решенија за распоредување донесени од Д. секретар, поднесувал жалба до Комисијата на Агенцијата ... за одлучување по жалби, а по одбивањето на истите заштита на своите права побарал со поднесување на тужба. Потоа фактот дека тој во втората жалба до Комисијата образложил и дека во меѓувреме се стекнал со високо образование за што тужениот бил запознаен, па иако имал повеќе од 10 години работно искуство и ги исполнувал условите за стекнување на повисоко ниво и тоа „Б1“, од тужениот бил распорен на ниво „Г4“ каде распоредуваат државни службеници без работно искуство и со средно образование. Понатаму, утврдениот факт дека иако бил позитивно оценуван за 10 години работно искуство, ниту еднаш не се стекнал со додаток на плата за степен на кариера, како и утврденото дека после тужителот кај тужениот биле вработени уште 13 државни службеници и сите тие се стекнале со повисоко звање од него, како и утврденото дека Народниот правобранител постапувајќи по неговите претставки за вознемирување на работно место од страна на Д. секретар, констатирал дека прераспоредувањето на тужителот надвор од местото на живеење во ПЕ Ч. С., не е поврзано со наводно зголемен обем на работа во ПЕ Ч., канцелариите на тужениот се руинирани, не располагаат со доволен простор и компјутери, ниту располагање со ниту едно возило за да може ревносно да се вршат работите во надлежност на подрачната единица, а дека на работното место на тужителот во К., откако тој бил распореден во С., било распоредено друго лице, па затоа прифатил дека распоредувањето може да се подведе како вознемирување на работното место и дискриминација.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1015/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право