Одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.бр.8/2022-1

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 70.02 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 1, 2023
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Северна Македонија У.бр.8/2022-1

Плата и надоместок на плата по престанок на функцијата

„При градењето на својот став во овој предмет, за Уставниот суд беше појдовно тоа што законодавецот неспорно има овластување да го уреди прашањето за материјалниот статус на избраните, именуваните и назначени вршители на јавни функции, вклучително и прашањата за материјалните права по престанок на мандатот.

Меѓутоа, ова право не е апсолутно и неограничено, туку со пропишувањето на условите за стекнување на материјалните права и нивната содржина, мора да биде остварена легитимна цел, истата да е пропорционална и да не е во корист на приватниот интерес, што не е случај со оспорената одредба.

Имено, со оспорениот член 22 од Законот е предвидена можност за стекнување на право на вршителите на јавна функција во посебна ситуација, различна од предвидените во член 19 од Законот. Станува збор за случаи кога функцијата престанува врз основа на сопствено изразена волја за престанок на вршење на функцијата или разрешување, што според нашето законодавство значи дека постои основ за престанок поради одреден вид на одговорност или незадоволително вршење на функцијата.

Според Судот, во вакви случаи не постои никакво легитимно оправдување за постоење материјални права коишто можат да се користат по престанокот на функцијата, како што е пропишано со член 22 од Законот.

Законодавецот, во оспорената одредба за вршителите на јавни функции, предвидел и дополнително материјално право коешто не е предвидено за лицата за кои се применува општата одредба од член 19 од Законот. Така, покрај правото на остварување на плата по престанокот на функцијата, вршителите на јавна функција кои поднеле оставка или се разрешени пред истекот на времето за кое се избрани, именувани или назначени, имаат и право на надоместок за користење на годишен одмор додека го остваруваат правото на плата по престанок на функцијата од член 19 од Законот.

Според Судот, ваквото целокупно нормирање во оспорената одредба не само што нема легитимна цел, туку е непропорционално и исклучиво во корист на приватниот интерес на одредена група вршители на јавни функции од каде не може да се смета дека е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1107/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право