- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 66.40 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 18, 2005
- Последна промена август 22, 2024
Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.73/2004-1
Засновање работен однос;
Начин на обезбедување на потребата од работници
„Определбата содржана во членот 9 од Законот за работните односи за обезбедување на работници од страна на самиот работодавец без огласување, според Судот граѓаните ги доведува во нееднаква положба во поглед на достапноста на работното место. Имено, пополнувањето на одредено работно место без огласување значи дека некои граѓани се привилегирани и полесно засноваат работен однос без притоа да има транспарентност и меѓусебна конкуренција.
Вработувањето, односно пополнувањето на слободни работни места без огласување со склучување и заверка на договор за работа претставува нерамноправност на граѓаните и ограничување на правото на достапност на секое работно место за оние граѓани кои воопшто не се запознати дека има слободни работни места поради што Судот основано оцени дека членот 9 во оспорениот дел не е во согласност со членовите 9 и 32 од Уставот.”