Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.63/2013-1

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 68.29 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 8, 2014
  • Последна промена август 22, 2024

Одлука на Уставниот суд на Република Македонија У.бр.63/2013-1

Класифицирана информација

„(...) само со закон се уредуваат условите, начинот и постапката за пристап и за остварување на правото на информација од јавен карактер, како и тоа дека правата, обврските и одговорностите на создавачите и корисниците на класифицирани информации, меѓународната размена и други прашања во врска со користењето на класифицирани информации се уредуваат со закон.

Наспроти тоа, во оспорениот дел од членот 25 став 1 од Законот за јавните службеници е определено дека јавниот службеник е должен да ја чува класифицираната информација и на начин и услови утврдени со друг пропис што, според Судот преставува премногу широк и неопределен правен поим, кој во себе ги опфаќа сите видови на акти, вклучително и голем број на подзаконски акти, кои според своите овластувања ги донесуваат различни органи и тела. Во секој пропис не можат да бидат уредени начинот и условите за чување на класифицирана информација од страна на јавниот службеник, туку само во закон.

Со оглед на тоа што во оспорениот дел од член 25 став 1 од Законот се определува дека начинот и условите за чување на класифицираната информација од страна на јавен службеник да може да се уредат и со друг пропис кој може да биде и подзаконски акт, а не само со закон, Судот оцени дека овој оспорен дел не е во согласност со членот 8 став 1 алинеи 3 и 4 и членот 51 од Уставот.”

Престанок на работниот однос на јавен службеник

„Според оспорениот член 68 алинеја 6 од Законот, на јавниот службеник му престанува вработувањето и во случаите ако органот на државната управа надлежен за инспекцијата на трудот утврди дека јавниот службеник е вработен спротивно на одредбите на овој и друг закон.

Тргнувајќи од анализата на оспорениот член 68 став 6 од Законот произлегува дека законодавецот пропуштил да определи законски рокови во кои инспекцијата на трудот би можела да утврди незаконитости во спороведената постапка за вработување на секој поединец. Овој недостаток, според Судот, не е во согласност со принципите за правна сигурност и владеење на правото, а неограничената рамка за преиспитување на секое поединечно вработување на јавните службеници би можела да доведе до нееднаков и неправеден третман како спрема работодавците, така и спрема вработените.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ.бр.-109/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право