Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-198/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 947.40 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 1, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-198/22

(...) „Со супервештачење извршено од страна на Бирото за судски вештачења С. и дополнувањето на ваквото вештачење утврдено е дека тужениот не му ја исплатил на тужителот разликата на испратнината во износ од 1.418,00 денари, дека на тужителот му следува додаток на плата за прекувремена работа во износ од 3.368,00 денари, надомест на додаток за работа во државен празник во износ од 13.720,00 денари, пресметана камата за задоцнета исплата на регрес за годишен одмор во износ од 161,00 денар, како и неисплатен додаток на плата од 0,5 % за минат труд во износ од 3.093,00 денари, а кое тужбено барање по овие основи е поставено со тужбата поднесена од тужителот против тужениот. Фактот што во тужбата не е наведена висината на барањата по наведените основи, а која висина е утврдувана во текот на постапката со вештачење, не значи дека и не е поставено тужбено барање од тужителот по овие основи.

(...) согласно член 29 став 1 од ЗРО изјавата на тужителот со која се откажува од побарувањата од работен однос по основ на плати и додатоци на плата, кои додатоци се составен дел на платата, е ништовна и не произведува правно дејство.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-261/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право