Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-291/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 829.22 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 25, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-291/21

(...) „овој суд оценува дека правилно постапил првостепениот суд кога со побиваната пресуда го задолжил тужениот да и го исплати на тужителката надоместокот за работа во смени, додатокот за работа ноќе, додатокот за работа во празник, надоместокот за прекувремена работа, како и во име и за сметка на тужителката на бруто основица за овие додатоци во износ од 87.047,00 денари да ги плати придонесите од задолжително социјално осигурување, а со тоа правилно го применил и материјалното право.

Имено, согласно чл. 68 од КД за социјална заштита од 2006 година и чл. 47 од Гранскиот КД од 2019 година е предвидено зголемување на основната плата за 5% за работа во смени. Од изведените докази, а особено од извршеното вештачење, правилно утврдил првостепениот суд дека во наведениот период тужителката работела во две смени т.н. работа во турнус и тоа дневна смена од 12 часа и ноќна смена од 12 часа, и правилно заклучил дека со ваквото работење тужителката работела во смени и правилно го задолжил тужениот на тужителката да и исплати додаток за работа во смени во овој период во наведениот износ како во изреката со соодветна законска камата на поединечните износи од стасаноста до исплатата. Исто така, правилно утврдил првостепениот суд дека на тужителката за спорниот период и се пресметувал и исплаќал додаток за работа ноќе од 29% и за работа во празник од 1.42%, а дека согласно Колективниот договор за социјална заштита требало за овој период да и исплаќа додаток за работа ноќе 35% и за работа во празник 1.50%, па правилно постапил првостепениот суд кога со побиваната пресуда, а согласно наведените одредби од Гранскиот колективен договор во кој се пропишани поповолни права за тужителката, го задолжил тужениот да и ја исплати разликата по овие основи од исплатената до онаа која и следува по Гранскиот колективен договор, а со тоа правилно го применил и материјалното право. Исто така, правилно првостепениот суд го задолжил тужениот да и исплати додаток за прекувремена работа од 35%, кој додаток според вештачењето е утврден на 3.440,00 денари, со соодветна камата од стасаноста до исплатата.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-310/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право