Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-9/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 875.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 14, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-9/22

(...) „Имено, согласно член 17 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, придонесите ги пресметува, задржува и уплатува обврзникот за пресметка и уплата на придонеси при секоја исплата на плата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок, а согласно член 24 од истиот Закон рокот за уплата на придонесите е денот на исплатата на платата или дел од плата, надоместок на плата, пензија, односно друг паричен надоместок, а доколку не е исплатен ваквиот износ, рокот за пристигнатост за плаќање на придонесите е 15-ти од тековниот месец за претходниот месец. Од овие одредби несомнено произлегува дека обврската за плаќање на придонесите и персоналниот данок од страна на работодавачот настанува со исплатата на платата, односно до 15-ти од тековниот месец за претходниот месец и од тој датум почнува да тече застареноста за исплата и на платата, а и на придонесите од задолжително социјално осигурување.

Со оглед да обврската на тужениот за уплата на останатите придонеси од задолжително социјално осигурување и персоналниот данок настанала со обврската за исплата на платата, односно додатоците на плата за кои се однесуваат овие придонеси, а тоа е за периодот од 01.06.2014 година до 31.03.2017 година, а тужбата на тужителот е поднесена на 30.06.2020 година, односно по истекот на законскиот рок од член 115 од ЗРО, за исплата на плата и придонеси од плата од страна на работодавачот, овој суд оценува дека настапила застареност на тужбеното барање за уплата на овие придонеси.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-73/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право