- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 888.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 6, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-52/22
(...) „од дополнителното мислење дадено од страна на вештото лице на 12.05.2021 година наведено е дека освен одлуката за утврдување на начинот на формирање и исплата на плата на вработените во П. Т. АД П. бр.02-100/3 од 20.03.2003 година донесена од Одборот на директори според која вредноста на бодот изнесува 6,00 денари, кај тужениот не постоела друга одлука за плати за тужителот. Таа одлука му била презентирана на вештото лице и при изготвување на основното вештачење, освен со таа одлука тужениот не располагал со други одлуки. Од наведеното произлегува дека наводот на тужителот дека кај тужениот има одлука со која вредноста на бодот била повисока од утврдената од 6,00 денари со одлуката за утврдување на начинот на формирање и исплата на плата на вработените кај тужениот остана недокажан.
Со оглед на утврдената вредност на бодот - 6 денари и бројот на бодови за работното место кој тужителот го имал кај тужениот со решението за распоредување на работник на работно место бр.04-39/1 од 08.01.2006 година - 1.170 бода, тужителот требало да прима плата од 7.020,00 денари која плата била пониска од минималната плата во РСМ утврдена со Законите за минимална плата. Поради тоа од страна на тужениот на тужителот му е исплатувана минимална плата која се менувала со текот на годините според порастот на истата во соодветниот закон. При таква состојба по мислење на овој суд нема разлика во плата во она што според бодовите за работното место и вредноста на бодот требало тужителот да го зема како плата кај тужениот и она што тужениот требало да му го исплати. Од друга страна ваквото барање на тужителот нема никаков законски основ ниту во Законот за работни односи, ниту во Колективниот договор кој се применува за вработените кај тужениот, ниту во Општиот колективен договор од областа на приватниот сектор.
При таква состојба правилно првостепениот суд го одби тужбеното барање со кое тужителот бараше да се задолжи тужениот да му исплати на тужителот по основ разлика на плата помеѓу платата исплаќана на тужителот и просечната плата исплатувана кај тужениот за временски период од 15.10.2016 година до 15.10.2019 година, сума во вкупен износ од 89.596,00 денари.”