Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-1086/17

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 298.55 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 15, 2018
  • Последна промена декември 27, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-1086/17

(...) „Имено, со договорот за доделување на стипендија, работодавачот превзел обврска да го стипендира тужителот во основно, средно училиште или виша школа или факултет до навршување на 26 години. Според член 6 од овој договор, било предвидено дека корисникот на стипендијата е самостоен во поглед на изборот на школата и насоката, а согласно член 8 од истиот давателот на стипендијата, односно работодавачот превзел обврска да го вработи стипендистот доколку истиот се школува во школи со насоки од кои работодавачот има потреба. Во конкретниот случај, стипендистот завршил машински факултет и се стекнал со звање дипломиран инженер по хидраулика и автоматика , а за која струка работодавачот имал потреба од работници, меѓутоа и покрај барањето од страна на стипендистот да биде вработен кај работодавачот, истиот ваквата обврска од договорот не ја имал исполнето. При ваква состојба, првостепениот суд го задолжил работодавачот да ја исполни својата превземена обврска од наведениот договор за стипендирање и да го вработи работникот на неопределено време на работно место соодветно на неговата стручна спрема.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ 1086/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право