Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-147/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 917.97 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 9, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-147/22

(...) „Во чл. 3 од Законот за вработените во јавниот сектор е предвидено дека на вработените во јавниот сектор се применуваат одредбите од овој закон, одредбите од посебните закони, прописите донесени врз основа на овој закон и посебните закони и колективните договори. Во точка 2 од овој член е предвидено дека за прашањата кои не се уредени со овој закон како и за прашањата за кои овој закон не упатува на примена на посебен закон и колективен договор, а се однесуваат на работниот однос на вработениот се применуваат општите прописи за работните односи.

Во чл. 3 од Законот за работните односи е предвидено дека овој закон ги уредува и работните односи на работниците вработени во органите на државната власт, органите на единиците на локалната самоуправа, установите, јавните претпријатија, заводите, фондовите, организациите и други правни и физички лица кои вработуваат работници доколку со друг закон поинаку не е определено.

Бонус платата не е уредена со Законот за судска служба и неспорно е дека со одлука на Уставниот суд укинат е чл. 3 ст. 3 од Законот за судска служба во делот и другите прописи за работните односи, меѓутоа се применува чл. 3 од Законот за работните односи и чл. 3 од Законот за вработените во јавниот сектор. При состојба кога тужителот во 2018 година работел подолго од полното работно време во текот на годината, односно работел повеќе од 150 часа, поточно 300 работни часови, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач во кој не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, тужителот има право на бонус плата согласно чл. 117 од Законот за работните односи. Според тоа неосновани се жалбените наводи на тужениот дека погрешно било применето материјалното право во врска со задолжението за исплата на бонус на тужителот и дека во конкретниот случај не можело да се примени чл. 117 ст. 4 од ЗРО.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-113/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право