- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 871.94 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање мај 9, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-148-22
(...) „Согласно чл. 117 ст. 4 од ЗРО, на работникот кој работел над 50 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач во кои не се засметуваат деновите на искористен годишен одмор, работодавачот е должен да му исплати покрај додаток на плата и бонус во висина на една просечна плата во Републиката. Тужителите оствариле прекувремена работа за периодот од 01.01.2017 година до 31.12.2017 година над 150 часа и не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден во текот на цела година. Правилно утврди првостепениот суд дека тужителите тоа што потпишале спогодби и истакнале дека немаат никакви побарувања е за одреден период од 01.06.2014 година заклучно со 30.06.2017 година. Кога ја потпишувале спогодбата износот за исплата на бонус не бил доспеан за исплата, бидејќи правилно утврдил првостепениот суд дека правото за исплата на бонус за работа подолга од полното работно време е за цела година и истиот доспева за исплата на 31.12. во текот на годината во која оствариле над 150 часа прекувремена работа. До 30.06.2017 година, тужителите не го имале стекнато правото на исплата на бонус плата, истото го стекнале на 31.12.2017 година, поради што правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителите не можеле да се откажат од право кое не било стасано за исплата.”