Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-238/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 906.94 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 5, 2022
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-238/22

(...) „Согласно чл. 117 ст. 4 од ЗРО, на работникот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината, кај истиот работодавач, во кој не се засметуваат деновите на искористен одмор работодавачот е должен да му исплати покрај додаток на плата и бонус во висина на една просечна плата во Републиката. Правото на бонус тужителите го остваруваат од одработените над 150 часа подолго од полното работно време во текот на целата година, што значи дека бонусот доспева за исплата на 31.12-ти во текот на годината, во кој работникот остварил над 150 часа подолго од полното работно време. Од доставениот наод и мислење произлегува дека тужителите во периодот од 01.01.2017 година заклучно со 31.12.2017 година, оствариле повеќе од 150 часа и тоа тужителот Љ. 166 часа прекувремена работа, а тужителот Т. 160 прекувремени часови, а истите не отсуствувале од работа повеќе од 21 ден, без да се смета годишниот одмор. Согласно спогодбата, тужителите се откажале од побарувања до 30.06.2017 година, но до овој ден тужителите не го имале стекнато правото на бонус плата, бидејќи истите тоа право го стекнале на 31.12.2017 година, што значи дека тужителите не можат да се откажат од право кое уште не е стасано.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-242/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право