Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-372/17

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 388.52 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 15, 2017
  • Последна промена јануари 21, 2023

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-372/17

(...) „Дисциплинскиот престап злоупотреба на боледувањето значи дека за време на траењето на боледувањето болниот не постапувал по лекарските упатства на пример не ја користел пропишаната терапија и лекување односно постапува спротивно на препораката на докторот. Оттука, прозлегува дека работникот треба да ги следи препораките од страна на докторот, а не на своја рака да го превземе лекувањето. Доколку во наодот е предвидено мирување на работникот, истото означува дека треба да биде дома, а не да ја помине државната граница. Дополнително на ова, во член 78 од Законот за административни службеници е предвидено дека дисциплинската постапка не може да се поведе ако поминал еден месец од денот кога непосредно раководниот административен службеник, односно Секретарот во институцијата дознал за повредата на службената должност.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-297/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право