Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-320/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 964.62 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 8, 2021
  • Последна промена јули 11, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-320/21

(...) „Во чл. 18 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството е предвидено дека работодавачот кај кого настанале потешкотии во работењето врз основа на изготвена програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми врз основа на согласност од синдикатот може да се утврди отстапување од пресметковната вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност со тоа што намалувањето на пресметковната вредност за единица коефициент за најнизок степен на сложеност не може да изнесува повеќе од 20% и не може да трае подолго од шест месеци. Работодвачот е должен на работниците да им изврши исплата на разлика помеѓу пресметковната вредност на единица коефициент за најнизок степен на сложеност, и помалку исплатената плата во смисла на ст. 1 и 2 на овој член во рок од шест месеци по надминување на потешкотиите во работењето. Видно од наодот на вештото лице во АД З. П. Б. остварени се позитивни финансиски резултати и правилно првостепениот суд заклучил дека штом е остварена добивка значи дека надминати се потешкотиите во работењето кај тужениот и правилно го задолжил тужениот на тужителот да му исплати разлика на плата во износ од 31.712,00 денари и на таа разлика да ги уплати придонесите и персоналниот данок.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-284/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право