- Version
- Преземи 3
- Големина на фајлот 581.29 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 2, 2019
- Последна промена декември 27, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-340/19
(...) „За незаконито распоредување работникот може да види судски спор, меѓутоа работникот нема право на надомест на нематеријална штета за претрпен страв и душевни болки од таквото распоредување, освен ако таа нематеријална штета не произлезе од работата на тоа работно место, или во врска со работата. Работникот во жалбените наводи вели дека со тоа што со известување го распоредил на депо нија, ја повредил личноста и достоинството на работникот како човек, го изложил на потсмев што од раководител добил насоки и напаствија да работи на депонија, бидејќи секој работник може да биде распореден на било кое работно место ако одговара на неговиот степен на стручна подготовка. Доколку распоредувањето е спротивно на закон, тогаш има право да бара заштита кај работодавачот, а потоа и судска заштита доколку му се повредени правата од работен однос.”