Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-386/18

  • Version
  • Преземи 12
  • Големина на фајлот 470.74 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 12, 2018
  • Последна промена јануари 21, 2023

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-386/18

(...) „Помеѓу Министерството за здравство на Р.Македонија., работодавач и работникот како специјализант бил склучен договор за запишување на кофинансирана приватна специјализација  со кој договор биле уредени правата и обврските на договорните страни.Така, согласно чл.1 од договорот, работникот се стекнал со статус на приватен специјализант на кофинансирана приватна специјализација. Со член 165 од Законот за здравствената заштита е направена динстинкција помеѓу платата, надоместоците на плата, додатоците на плата и надоместокот на трошоците поврзани со работата како парични права од работниот однос на здравствените работници, а кои им следуваат под услови и критериуми утврдени со закон, колективен договор и договор за вработување.  Во член 112 од ЗРО се дадени случаите кога работникот има право на надоместок на плата, а во член 113 од ЗРО пак се дадени случаите кога работникот има право на надоместок на трошоците поврзани со работата.  Работникот нема право на надомест на трошоците за одвоен живот, со оглед на тоа што од погоре изнесеното произлегува дека трошоците за одвоен живот спаѓаат во трошоци поврзани со работата а не во надоместоци од плата. Додека тужениот со решението за засновање на работен однос на определено време се обрзал да му плаќа на тужителот само плата и надоместоци од плата,  а не и други трошоци и примања од работниот однос.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-292/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право