Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-516/17

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 421.47 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јуни 13, 2017
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-516/17

(...) „Во член 44 од Законот за судска служба е предвидено е дека платите на лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи се во рамките на платите утврдени за административно техничките судски службеници во зависност од степенот на образование, работното место на кое се распоредени согласно со актот за систематизација на работните места и работното искуство. Точно е дека во Законот за судска служба, за помошно технички персонал не е предвидена категорија нити ниво, меѓутоа погоре цитираните одредби од Законот за судска служба, се обврзувачки за тужениот, што значи дека на помошно техничкиот персонал требало да му исплаќа плата во висина на платите на лицата вработени во судовите, а утврдена за административно техничките судски службеници. На лицата вработени во судовите кои вршат помошно технички работи, не може да се примени Колективниот договор за државните, првосудните и органите на Локалната самоуправа на РМ, со оглед на фактот дека со овој Колективен договор не е утврдена најниска плата за одделни степени на сложеност.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-448/17
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право