- Version
- Преземи 1
- Големина на фајлот 936.04 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 7, 2022
- Последна промена јули 11, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-589/21
(...) „Со оглед да тужениот како работодавач ја водел евиденцијата за работењето на тужителот во спорниот период и не му дозволил увид на вештото лице во истата, товарот на докажување на фактите за работењето на тужителот паѓа на тужениот како на работодавач, бидејќи истиот бил должен и водел евиденција за извршување на работните задачи на тужителот, меѓутоа со ниеден доказ во текот на постапката не докажал поинаква фактичка состојба од утврдената во оваа постапка врз основа на доказите изведени во истата. Исто така тужениот не докажал дека на тужителот му исплаќал додаток за минат труд за спорниот период, за кое нешто исто така товарот на докажување е на негова страна. Фактот што тужителот во текот на работењето не поднел никаков приговор во врска со плаќањето по договорите за работа како и фактот што работниот однос бил заснован на определено време, не се од влијание за поинакво одлучување и со тоа тужителот не го губи правото со тужба да бара исплата на ваквите парични побарувања од работниот однос, притоа имајќи го во предвид фактот што согласно чл. 117 од ЗРО за остварување на правото на бонус не е услов работниот однос да бил заснован на неопределено време. Според тоа, и жалбените наводи на тужениот во оваа насока се неосновани.”