- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 315.83 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 13, 2017
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-537/16
(...) „Согласно член 17 став 1 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, придонесите ги пресметува, задржува и уплатува обврзникот за пресметка и уплата на придонеси при секоја исплата на плата , дел од плата, надомест на плата , пензија , односно друг паричен надомест . Ако се има во предвид погоре цитираната законска одредба, вонредниот работен додаток за прекувремена работа (полициски службеник), што работодавачот бил задолжен да му го плати на работникот, произлегува дека е додаток на плата согласно Законот за работни односи и Законот за внатрешни работи. Надомест за прекувремена работа претставува основица за пресметка на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување што работодавачот е должен да го исплати во име на работникот.”