Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-306/16

  • Version
  • Преземи 7
  • Големина на фајлот 317.03 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање декември 12, 2016
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-306/16

(...) „Согласно член 93 став 1 алинеа 6 од Законот за административни службеници, административниот службеник има право на надоместоци на плата и други надоместоци согласно со овој закон и тоа трошоци за погреб во случај на смрт на административен службеник или член на неговото потесно семејство (брачниот другар и децата родени во брак или надвор од брак, посиноците, посвоените деца и децата земени на издржување).

Во конкретниот случај неспорно е дека работникот со решение се стекнува со статус на административен службеник, така што се применуваат одредбите од Законот за административни службеници. Меѓутоа, погоре цитираниот член од овој закон, не може да се примени по однос на работникот, од причини што во истиот таксативно се наброени членовите кои спаѓаат во потесното семејство, а за кои согласно законот во случај на смрт на член од семејството, работникот би му следувал надоместок на плата како административен службеник.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-301/16
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право