- Version
- Преземи 6
- Големина на фајлот 337.89 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање јули 3, 2018
- Последна промена декември 28, 2022
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-317/18
(...) „Имено, согласно член 141 од Законот за облигациони односи тој што со вина ќе му причини штета на друг должен е да ја надомести, а согласно член 145 став 1 од ЗОО, вина постои кога штетникот причинил штета со намера или со невнимание. Исто така согласно член 156 од ЗРО работникот кој на работа или во врска со работата намерно или од тешка небрежност му предивика штета на работодавачот е должен да ја надомести.Во конкретниот случај, првостепениот суд утврдува дека работникот по правосилните и извршни пресуди кои биле наплатени преку извршител за исплата на регрес за годишен одмор, постапувала во рамките на нејзините надлежности по Правилникот за систематизација на работните места и дека истата нема никаква вина во врска со присилното извршување на тие пресуди и направените дополнителни трошоци на тужителот во тие постапки за извршување и дека истата нема никаква обврска за надомест на штета на работникот во висина на трошоците кои биле направени во постапката за извршување во бараниот износ.”