Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-850/18

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 643.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 12, 2019
  • Последна промена декември 28, 2022

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-850/18

(...) „„Првостепениот суд се повикува на член 4 од Конвенцијата бр.158 на МОТ која вели дека, работниот однос на работникот нема да му престане доколку за таков престанок не постоела добра причина врзана за способноста или однесувањето на работникот или за работните потреби на претпријатието, установата или службата, а согласно член 6 од оваа Конвенција, привременото отсуство од работа поради болест, или поради повреда, не претставува причина за претстанок на работниот однос.

Согласно пак, член 7, работниот однос на работникот нема да му престане поради причини сврзани со неговото однесување или неговата работа пред да му се овозможи да се брани од изнесените наводи, доколку од работодавецот со причина неможе да се очекува да му ја даде таа можност. Првостепениот суд смета дека, на работничката не и била дадена можност пред дисциплинската  комисија да се брани од наводите во пријавата, со што и било скратено ова право, а со тоа оценува дека била сторена повреда на постапката пред работодавачот во смисла на наведената Меѓународна конвенција.  Од изведените докази и утврдените факти, несомнено произлегува дека работничката го напуштила работното место еден час порано без одобрение односно согласност на овластено лице на работодавачот, што значи дека со ваквото однесување на работничката исполнети се обележјата од членот 81 од Законот за работни односи, односно непридржување на работното време, распоредот и користењето на работното време, а од што произлегува дека работничката со ваквото однесување ја сторила горе наведената повреда, поради која и е откажан договорот за вработување.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-850/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право