Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-28/22

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 1.25 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 28, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-28/22

(...) „Согласно чл. 113 ст. 4 од ЗРО работодавачот на свој трошок на работниците може да им организира превоз до и од работното место. Согласно ст. 5 трошоците за превоз можат да изнесуваат во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.

Овој суд смета дека првостепениот суд погрешно го примени материјалното право бидејќи тужениот го распоредил тужителот со наредба да извршува работни задачи во 8-ми месец 2020 година во Битола, а не му обезбедил трошоци за превоз. Штетата која ја побарува тужителот е трошоци поврзани со работата за превоз од П. до Битола. Во КД на тужениот не се предвидени трошоци за превоз до и од работното место, но со тоа што тужениот го распоредил надвор од местото на живеење на тужителот му причинил штета. Погрешно првостепениот суд ја утврдил штетата од 3.700,00 денари како трошоци поврзани со работата, кој износ тужителот го потрошил за гориво што се утврдило од приложените фотокопии на фискалните сметки за предметниот период, бидејќи правото на такви трошоци не призлегува ни од ЗРО, ни од КД. Во чл. 5 од КД на тужениот не се предвидени трошоци за превоз кога работникот со писмен акт е упатен да замени отсутен работник. ЗРО во чл. 113 ст. 4 и 5 предвидел само можност работодавачот да организира превоз до и од работното место, но трошоците за превоз можат да изнесуваат во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај, а не за потрошено гориво согласно доставени фискални сметки.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-593/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право