Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-54/21

  • Големина на фајлот 1.13 MB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 5, 2021
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-54/21

(...) „Во чл. 72 од КД за вработените во земјоделството и прехранбената индустрија пречистен текст Сл. в. на РМ бр. 3/2016 е предвидено дека работникот има право на надомест на трошоците поврзани со работа утврдени со Закон и КД, меѓу кои и регрес за годишен одмор во висина која изнесува најмалку 40% од основицата на гранката земјоделство со тоа што износите заклучно со 25.12.2015 година се корегираат. Согласно наодот и мислењето на вештото лице, а врз основа на погоре цитираната одредба, утврдена е висината на регресот за годишен одмор за 2016 година во износ од 8.936,00 денари. Со спогодбата за изменување и дополнување на Општиот КД за приватниот сектор од областа на стопанството Сл. в. 119/2015, е предвидено дека кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето ценејќи ја економско финансиската состојба на работодавачот по задолжителна претходна консултација со Синдикатот на ниво на гранка, односно оддел, со спогодба потпишана на работодавачот и репрезентативната организација, може да се утврди регрес за годишен одмор во износ помал од износот утврден со овој КД.

Во конкретниот случај од страна на тужениот не е доставена согласност од Синдикатот на ниво на гранка земјоделство и прехранбена индустрија за да може Синдикалната репрезентативна организација кај тужениот и работодавачот да утврдат регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој КД или од износот утврден со КД на вработените од земјоделство и прехранбена индустрија. Потписници на КД за земјоделство и прехранбена индустрија се организацијата на работодавачи и Синдикатот на работниците од Агро индустрискиот комплекс на РМ - Агро синдикатот.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-603/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право