Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-95/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 750.72 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање мај 3, 2022
  • Последна промена јули 12, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-95/22

(...) „Правилно прифатил и заклучил првостепениот суд дека и тужбеното барање на тужителот во делот за новогодишен надоместок за 2018 и 2019 година е неосновано, од причини што согласно чл. 110 од Колективниот договор на тужениот од 2018 година е пропишана само можност за исплата на новогодишен надоместок со одлука на работодавачот, а не и право, односно обврска на работодавачот за исплата на ваков надоместок. Бидејќи тужениот не донел одлука за исплата на ваков надоместок, нема правен основ тужителот да бара од тужениот исплата по овој основ.

Исто така, правилно прифатил првостепениот суд дека и тужбеното барање на тужителот за исплата на 13-та плата за наведените години е неосновано, од причини што согласно чл. 116-а од Колективниот договор на тужениот, пропишана е само можност за исплата на 13-та плата, а не право, односно обврска на тужениот за исплата по овој основ, а одлука за исплата на 13-та плата за наведените години не била донесена од страна на тужениот.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-144/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право