Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-228/21

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 880.19 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 23, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-228/21

(...) „Во член 72 од ЗРО е наведено дека ако работодавачот го откажува договорот за вработување е должен да го наведе основот на отказот утврден со закон, Колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и истите да ги наведе во образложението. Во член 74 од истиот закон е предвидено дека отказот на договорот за вработување задолжително се изрекува во писмена форма, а работодавачот е должен писмено да го образложи откажувањето на договорот како и да му укаже на работникот на правната заштита и да го запознае со неговите права од осигурување во случај на невработеност.

Во конкретниот случај одлуката со која на тужителот му е откажан договорот за вработување има формални недостатоци, односно наведен е основот заради кој му престанува работниот однос, а тоа е кршење на работниот ред и дисциплина без отказен рок, меѓутоа во смисла на погоре цитираните одредби во одлуката за откажување на договорот за вработување нема образложени причини поради кои на тужителот ѝ се откажува договорот за вработување, не е образложено која повреда тужителот ја сторил и кога ја сторил, па постапувајќи на овој начин работодавачот не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот.

Во текот на постапката и сега во жалбата тужениот не оспорува дека тужителот имал боледување со прв ден на спреченост 09.07.2020 година, меѓутоа тужителот требало да се врати на работа на ден 24.07.2020 година, па како не ги известил претпоставените дека му е продолжено боледувањето сторил повреда на работните обврски.

Ваквите жалбени наводи се неосновани од причини што во уводот на решението е наведено дека истото е донесено согласно член 82 став 1 алинеја 1 и 2 од Законот за работните односи, односно заради неоправдано отсуство од работа три последователни работни дена или пет работни дена во текот на една година и дека го злоупотребил боледувањето. Во конкретниот случај правилен е заклучокот на првостепениот суд дека тужителот не бил неоправдано отсутен од работа, туку истиот користел боледување со прв ден на спреченост 09.07.2020 година, до 24.07.2020 година, а од 24.07.2020 до 08.08.2020 година продолжено му било боледувањето што е видно од оценката за привремена спреченост за работа од 16 до 30 дена и над 30 дена издадена од Фондот за здравствено осигурување на Македонија Подрачна служба П. од 27.07.2020 година. Исто така, тужителот не сторил повреда злоупотреба на боледувањето, бидејќи тужениот само ја навел ваквата повреда од ЗРО, а во образложението на решението не е наведено во што се состои таквата повреда и на кој начин е злоупотребено боледувањето.

Судот ги имаше во предвид погоре наведените жалбени наводи дека тужителот после 24.07.2020 година воопшто не го известил работодавачот дека ќе отсуствува од работа, меѓутоа видно од уводот на решението не му е откажан договорот за вработување согласно член 81 став 1 точка 6 од Законот за работните односи, односно заради тоа што не го известил работодавецот за отсуството од работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-275/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право