Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-233/21

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 896.25 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање септември 1, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-233/21

(...) „Правилно од страна на првостепениот суд е поништена одлуката број 359/03 од 07.12.2020 година од причини што во времето кога тужениот одлучувал по приговорот на тужителката изјавен против одлуката број 312/02 од 13.11.2020 година истата имала доставено боледување за деновите заради кои и е откажан договорот за вработување. Со тоа што тужителката доставила извештај за привремена спреченост за работа за периодот од 09.11.2020 година до 12.11.2020 година, значи дека нема неоправдано отсуство од работа.

Тоа што е релевантно во конкретниот случај, на што укажува и овој суд, е фактот дека Управниот одбор постапувајќи по приговор од работник по одлука за откажување на договор за вработување ја испитува законитоста на донесената одлука. На тужителката со одлука број 312/02 од 13.11.2020 година откажан и е договорот за вработување за полесни повреди на работните обврски од член 81 став 1 точка 5, односно заради тоа што писмено не го известила работодавачот за отсуството од работа. Постапувајќи по приговорот на тужителката против оваа одлука Управниот одбор требаше да цени дали ваквата одлука е донесена во правилна и законита постапка и дали навистина тужителката ја сторила повредата од член 81 точка 5 од ЗРО, а не по приговор на тужителката со конечна одлука да и го откаже договорот за вработување за друга повреда на работните обврски предвидена во член 82 став 1 точка 1 од Законот за работните односи, односно да и го откаже договорот за вработување за неоправдано отсуство од работа повеќе од три последователни работни дена. Управниот одбор излегол надвор од своите надлежности и не можел сега да и го откажува договорот за вработување за друга повреда на работните обврски, бидејќи станува збор за конечна одлука, а против која одлука нема понатамошна заштита кај работодавачот.”

Претходно Решение на Апелационен суд Битола РОЖ-209/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право