- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 942.12 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 14, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-289/21
(...) „првостепениот суд погрешно заклучил од изведените докази дека тужителот не ги спорил повредите за кои му е откажан договорот за вработување. Овој суд смета дека со тоа што тужителот презел дејствие на неовластено снимање на состанокот, без претходно одобрение за снимање од директорот, постапил спротивно на одредбите од Законот за управата за јавни приходи, КД и Кодексот, односно ги сторил повредите на работниот ред и дисциплина, бидејќи непрофесионално се однесувал, без овластување од директорот на закажаниот состанок го користел диктафонот со кој не бил задолжен и постапил спротивно на Кодексот на однесување.
Согласно чл. 124 ст. 1 т. 12 и 16 од Колективниот договор на тужениот работодавачот може да го откаже договорот за вработување на работникот поради кршење на работниот ред и дисциплина, ако незаконски и неовластено ги користи средствата на Управата за јавни приходи и постапува спротивно на Кодексот на однесување.
Како подточка на насловот Професионално однесување и комуникација на работното место од Кодексот на тужениот, е точка 17.1 интерна комуникација и извршување на работните задачи, каде во ст. 3 алинеја 2 е предвидено меѓу другото, дека работникот треба да се грижи и да не ја злоупотребува и другата опрема и ресурси кои се во владина сопственост, а до кои има пристап.
Тужителот имал пристап до диктафонот кој бил во сопственост на тужениот, иако не бил задолжен да го користи, го користел на состаноци за да не се пишува записник, меѓутоа на состанокот кој го закажал директорот не побарал овластување да го користи диктафонот и не може да се прифати дека тоа била рутина кај тужениот.”