- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 932.33 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање февруари 2, 2022
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-599/21
(...) „Имено, законскиот застапник на тужениот на рочиштето од 07.10.2021 година наведе дека последен пат тужителката била на работа 25-26.09.2020 година и дека веќе од 28-29.09.2020 година повеќе не се јавила на работа. Меѓутоа, со оглед на тоа што тужителката била во контакт со позитивно лице добила решение за изолација од 30.09.2020 до 12.10.2020 година, а при извршеното тестирање на 02.10.2020 година со оглед на тоа што била позитивна на ковид 19 добила решение за изолација од 02.10.2020 до 12.10.2020 година, што значи дека тужителката веќе на 13.10.2020 година требало да се јави на работа. Тужителката не се јавила на работа ниту после испратената СМС порака од 26.10.2020 година во која навела дека ќе помине да го остави клучот од дуќанот и да ја земе платата за минатиот месец и документите од книговодството. Бидејќи тужителката во наредниот период не продолжила да оди на работа основано тужениот на 31.10.2020 година го донел сега обжаленото решение за престанок на работен однос, бидејќи неспорно е дека тужителката со ниту еден доказ не го оправда своето отсуство од работа во периодот од 28.10.2010 год., 29.10.2010 год. и 30.10.2020 година.
Тврдењето на тужителката дека истата одела на работа до 31.10.2020 година заради што тужениот и исплатил и плати, тужителката не го поткрепи со ниту еден доказ. Напротив погоре изнесеното е во поткрепа на тврдењето на тужениот дека тужителката во месец десетти 2020 не доаѓала на работа. Поткрепа на тоа е и книгата за евиденција која ја водел тужениот за своите вработени кои се потпишувале при идењето и одењето од работа, од која јасно произлегува дека во спорниот период тужителката не одела на работа. (...)
Во жалбата тужителката како повреда на постапката го истакна и фактот дека во пријавата - одјавата за задолжително социјално осигурување, односно образецот М1/М2 како датум на решението за престанок е наведен 25.10.2020 год., а не 31.10.2020 год., што го правело решението незаконито. Меѓутоа, овој суд и ваквите жалбени наводи не ги прифати како основани. Имено, при состојба кога тужениот решението за престанок го донел на 31.10.2020 год. кога всушност е и одјавена тужителката, што е видно од пријавата-одјавата за задолжително социјално осигурување Образец М1/М2, наведениот датум на донесување на спорното решение - 25.10.2020 год. во Агенцијата за вработување, по мислење на овој суд е ирелевантно пред се поради фактот што тужителката е одјавена истиот ден кога и е донесено решението за престанок на работниот однос. Исто така по мислење на овој суд наведеното не е причина кое предметното решение би го направила незаконито.
Во жалбата се наведува и тоа дека спротивно на одредбите од ЗРО решението не содржело правна поука со што тужителката била доведена во правна заблуда, а првостепениот суд воопшто не се осврнал на тој дел од одлуката за престанок на работниот однос и го потврдил спорното решение како законито. Овој суд не ги прифати како основан ваквите жалбени наводи, бидејќи ако тужителката била доведена во правна заблуда во врска со правната заштита против решението за престанок на работниот однос истата немало да поднесе навремен приговор до тужениот. При таква состојба кога тужителката го искористила своето право на приговор против решението, неосновано се тврди во жалбата дека истата била доведена во правна заблуда во однос на правната заштита.”