Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-255/21

  • Version
  • Преземи 2
  • Големина на фајлот 854.61 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 12, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-255/21

(...) „Кога се поништува донесената одлука останува во правна сила договорот за вработување пред донесување на одлуката. Бидејќи работното место на кое тужителката работела е укинато, правилно првостепениот суд го задолжи тужениот да ја врати тужителката на работно место кое одговара на нејзината стручна спрема, стажот и работното искуство во исто ниво како и работното место согласно договорот за вработување од 2017 година согласно чл. 42 од Законот за вработените во јавниот сектор без оглед на тоа што Правилникот од 28.11.2019 година сеуште немал добиено согласност.

Согласно чл. 42 од Законот за вработените во јавниот сектор мобилноста е хоризонтално движење на вработен од едно на друго работно место во рамките на иста група на работни места утврдена со овој закон, а согласно чл. 43 од Законот за вработените во јавниот сектор распоредувањето на друго работно место треба да биде на исто ниво.

Тужениот требало да го примени при донесувањето на незаконитата одлука Законот и да и понуди на тужителката нов променет договор за вработување за работно место кое одговара на нејзиното претходно работно место, согласно нејзиниот стаж и работното искуство.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-228/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право