- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 950.19 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање октомври 14, 2021
- Последна промена јули 13, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-294/21
(...) „Во член 78 од ЗРО и член 145 од КД кај тужениот одредбите што се однесуваат за откажување на Договорот за вработување се применуваат и во случајот кога работодавачот го откажува Договорот за вработување и истовремено му нуди нов променет Договор за вработување.
Во конкретниот случај, неспорно е дека тужениот му доставил на тужителот Одлука за откажување на Договорот за вработување со понуда за склучување на нов променет Договор за вработување, согласно чл. 78 од ЗРО и член 145 од КД кај тужениот. Меѓутоа, во одлуките нема образложени причини поради кои се донесува одлуката за отказ, а ниту има наведено поради кои причини одлучил да му го смени работното место и да го распореди на пониско работно место со пониска плата. Тоа што тужениот во одлуката наведува дека истата била донесена согласно Закон и КД на тужениот, односно дека во истата било наведено дека со стручните квалификации, стручната подготовка и искуство кои ги поседува работникот ќе може успешно да ги извршува работните задачи на новото работно место, не е доволен основ за откажување на Договорот за вработување, во ситуација кога не дал доволно образложени причини за отказот, во смисла на чл. 72 од ЗРО. Неспорно е дека тужениот донел одлука за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места пред да му биде понуден нов договор за вработување, со која одлука ги намалил степенот на образование и бодовите потребни за работното место на кој претходно работел тужителот и предвидел уште еден извршител за работното место на кое е сега распореден тужителот со новиот договор. Меѓутоа со ваквите измени на Правилникот, не е укинато претходното работно место на кое работел тужителот, за да може да се прифати дека распоредувањето било извршено поради деловни причини. (...)
Овој суд укажува на фактот дека во судската постапка се ценат причините за отказ на договорот за вработување кои се наведени во одлуката, а во текот на постапката не се ценат искази на сведоци за тоа кои биле причините за отказ на договорот за вработување со понуда на нов променет договор за вработување. Од решението со кое се откажува договорот за вработување со понуда на нов договор за вработување треба јасно да произлезе основот и причината за нов договор за вработување, а не во текот на постапката да се утврдуваат факти од искази на сведоци.”