Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-614/20

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 941.58 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 12, 2021
  • Последна промена јули 13, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-614/20

(...) „Точно е дека за да се користи годишен одмор потребно е претходно да биде донесено решение од страна на работодавачот, а по претходно барање од страна на работникот. Исто така неспорно е дека тужителот без претходно писмено одобрение од тужениот почнал да го користи остатокот од годишниот одмор, само врз основа на усмено известување на командирот, по претходно усмено барање од тужителот, кој во својот исказ навел дека го одобрил користењето на годишниот одмор на тужителот, бидејќи тогаш таква била праксата кај тужениот.

За користење на годишен одмор било давано само едно решение во кое се констатирало дека годишниот одмор се користи во два дела, а во случајов за првиот искористен дел од годишниот одмор имало решение донесено од тужениот, а за вториот дел од годишниот одмор тужителот го искористил врз основа на дадено усно одобрение за користење на годишен одмор од страна на командирот по претходно телефонско јавување на тужителот. Ваквиот начин на работа произлегува и од исказите на сведоците кои го потврдуваат работењето и организирањето на работата, а пред се од страна на командирот А. Б. и сведокот Б. Ф. Во конкретниот случај, тужителот на 15.11.2017 година му се јавил по телефон на сведокот Б. Ф. кој работел кај тужениот како одговорен на смена, на која смена тужителот го известил новиот командир дека ќе користи годишен одмор, а командирот усно му одобрил и тужителот бил евидентиран во книгата за распоред на работа дека користел годишен одмор сметано од 15.11.2017 година, до 03.12.2017 година, а таа книга ја водел командирот. После искористувањето на вториот дел од годишниот одмор тужителот се јавил на работа на ден 04.12.2017 година, и работел се до 22.12.2017 година, кога го примил решението за откажување на договорот за вработување.

По мислење на овој суд, без оглед што не било донесено решение за користење на остатокот од годишниот одмор од страна на тужениот, а по претходно писмено барање на тужителот, со самиот факт што командирот усно му одобрил на тужителот да го користи годишниот одмор, а кој претходно му се јавил телефонски, произлегува дека тужениот бил известен и знаел дека тужителот бил на годишен одмор во спорниот период во деновите 15, 16 и 17.11.2017 година и наредните работни денови што следуваат на 20, 21 и 22.11.2017 година како е наведено во решението за отказ. Во овие денови тужителот ги користел преостанатите денови од годишниот одмор за 2017 година и не ја направил повредата неоправдано изостанување од работа. Тужениот во списоците за присуство на работа констатирал дека тужителот користи годишен одмор.

Врз основа на исказот на командирот како одговорно лице на противпожарната единица во С., а кој исказ наоѓа поткрепа во писмената документација за присуство на работа како и во исказот на лицето Б. Ф. По мислење на овој суд правилно постапил првостепениот суд кога му го уважил тужбеното барање на тужителот и го поништил како незаконито решението за престанок на работниот однос донесено од тужениот бидејќи тужителот нема направено повреда предвидена во чл. 81 ст. 1 т. 1 од ЗРО.

Со самиот факт што се јавил телефонски на претпоставениот и му кажал дека ќе користи годишен одмор и усно му било одобрено, а следниот ден му доставил и барање што беше утврдено од исказот на командирот, кој што му одобрил усмено да го користи останатиот дел од годишниот одмор, односно неговиот претпоставен - командирот усно се согласил и му одобрил на тужителот да го користи вториот дел од годишниот одмор, произлегува дека тужителот во спорните денови оправдано отсуствувал од работа.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-17/21
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право