Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-383/22

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 961.48 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање ноември 7, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-383/22

(...) „Ценејќи ги доказите и списите во предметот правилно утврдил првостепениот суд дека тужениот како работодавец немал донесено општ акт со кој се уредува начинот и постапката за објавување на јавен оглас и пријавата за вработување, начинот за спроведување на аудиција, како и начинот на бодирање во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот и правилно прифатил дека во конкретниот случај тужениот спровел незаконита постапка за избор на кандидати по објавениот оглас при што не спровел постапка за проверка на веродостојноста на доказите и постапката за избор на кандидатите ја спровел без постоење на критериуми пропишани во соодветен општ акт донесен од тужениот за спроведување на постапка по јавниот оглас и за избор на кандидати во таа постапка. Со тоа што тужениот немал донесено општ акт за спроведување на постапката по јавниот оглас и за избор на кандидатите по огласот и не спровел постапка за проверка на веродстојноста на доставените податоци и докази доставени на јавниот оглас, како и постапка за бодирање на кандидатите по овој основ, правилно прифатил првостепениот суд дека тужениот незаконски ја спровел постапката по објавениот оглас и донел незаконита одлука за избор на кандидати по ваквиот оглас и правилно постапил кога со побиваната пресуда ги поништил ваквите одлуки како незаконити, а со тоа правилно го применил и материјалното право.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-391/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право