- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 1,000.92 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање декември 13, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-419/21
(...) „При ваква состојба, судот прифаќа дека со јавниот оглас и со Законот за пожарникарството, за работното место - Командир на одделение, за кое конкурирал избраниот кандидат А. А. од Б., како посебен услов требало да исполнува најмалку 3 години работно искуство во струката, а кое работно искуство како такво ќе биде заведено како работен стаж во евиденцијата на Агенцијата за вработување.
Односно, избраниот кандидат А. А. од Б. се стекнал со стручен назив „Дипломиран професор по физичка култура” на 24.05.2008 година, а по неговото дипломирање започнал да работи во рамките на својата струка како „Наставник по физичко воспитување” во ОУ Т. А. во Б., со прекини од 26.01.2009 година заклучно со 11.11.2011 година, односно без прекин сметано од 12.11.2011 година па се до неговото вработување кај тужениот, а кој работен стаж е заведен во АВРСМ и ФПИОМ. Ваквата состојба, упатува на заклучок дека избраниот кандидат, пред и во време на неговото конкурирање за работното место - Командир на одделение, го исполнувал посебниот услов за работното искуство во струката, на начин што после стекнувањето на видот и степенот на образование, односно после здобивањето со стручен назив „Дипломиран професор по физичка култура” има работно искуство, односно работен стаж во рамките неговата струка како „Наставник по физичко воспитување” во основно училиште, а кој работен стаж е несомнено заведен во АВРСМ и ФПИОМ и кој работен стаж е несомнено подолг, односно е во рамките на бараното работно искуство од најмалку 3 години во струката.
Заклучокот на овој суд од изведените докази и утврдената фактичка состојба на првостепениот суд е дека избраниот кандидат А. А. од Б. го исполнувал посебниот услов од јавниот оглас за работното место – Командир на одделение, бидејќи во време на конкурирањето по предметниот јавен оглас, имал најмалку, односно имал повеќе од 3 години работно искуство во струката, а кое работно искуство како негов работен стаж е евидентирано во евиденцијата која за ова лице ја води АВРСМ. Со самото тоа Одлуката за избор на кандидат за засновање на работен однос на неопределено време на 1 (еден) овластен службеник во областа на безбедноста Бр. 04-19/41. од 15.04.2020 година, донесена од Градоначалникот на Општина Б., со која за работно место - Командир на одделение по Јавен оглас број 1/2020 од 03.02.2020 година е избрано лицето А. А. од Б. е законита. Со самиот факт што за работното место не е предвиден некој посебен вид на образование, односно некоја посебна струка, туку е доволно да има најмалку било кое средно или вишо било какво образование, а избраниот кандидат има високо образование, има и работно искуство повеќе од 3 години како евидентиран работен стаж во струката, произлегува дека ги исполнува условите за работното место за кое конкурирал. Од наведените причини Овој суд го одби тужбеното барање на тужителот како неосновано.”