Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-500/20

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 581.33 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јануари 20, 2021
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-500/20

(...) „Првостепениот суд утврдил дека за вработените кои вршат дејност од областа на културата и за прашањата кои се однесуваат на работниот однос за нив, се применуваат Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за култура, колективните договори и посебните закони.

Согласно чл. 76-ѓ од Законот за културата, како лекс специјалис закон во рамките на категоријата Д се утврдуваат нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во културата меѓу кои и нивото Д3 каде спаѓаат стручни работници во заштита на културното наследство - библиотекар, кустос, конзерватор, документатор, филмолор, едукатор, водич и други. Согласно став 3, алинеја 3 од чл. 76-ѓ од Законот за културата, вработените од категоријата Д3 треба да имаат работно искуство до една година.

Правилно утврдил првостепениот суд дека согласно приложените докази од страна на тужениот, тужениот не докажал дека избраниот кандидат за работното место Д3 кустос-биолог - зоолог имал работно искуство до една година, односно во списите приложени сe докази за ангажираност од катедрата за анимална екологија при Заводот за зоологија и Институтот за биологија при ПМФ Скопје, како и потврда од истражувачко друштво на студенти биолози од Институтот за биологија, меѓутоа со ваките потврди не е приложен доказ работно искуство до една година. Работно искуство значи да работел во овие институции после завршувањето на соодветното високо образование до една година. Од ова произлегува дека правилно утврдил првостепениот суд дека тужителката не го исполнила овој услов да биде примена на огласот, поради што донесената одлука е незаконита.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-484/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право