Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-19/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 982.53 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 29, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-19/22

(...) „Согласно со член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, решението за изрекување на дисциплинска мерка на работникот, министерот е должен да го донесе во рок од шест месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од 12 месеци од денот кога е сторена повредата. Согласно став 4 од остиот член како ден на пријавување се смета денот на поднесување на предлогот за поведување постапка за утврдување на дисциплинската одговорност од овластен подносител.

Согласно со член 241 став 3 од Колективниот договор на МВР, министерот го донесува решението во рок од шест месеци од денот на пријавувањето на повредата на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски, а најдоцна во рок од дванаесет месеци од денот кога е сторена повредата.

Согласно со член 195 став 1 алинеја 1 од Законот за внатрешни работи, дисциплинската постапка се прекинува, кога постојат елементарни непогоди на подрачјето каде треба да се одржи расправа на комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност, а согласно член 217 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР, дисциплинската постапка може да се прекине кога постојат елементарни непогоди на подрачјето каде треба да се одржи расправа на комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност.

Согласно со член 219 став 1 од Колективниот договор на МВР, постапката што е прекината од причините во членот 217 од овој колективен договор, продолжува кога ќе престанат причините за прекинот. Согласно став 4 од истиот член, роковите што поради прекинот на постапката престанале да течат, почнуваат да течат одново од денот кога Комисијата ќе донесе одлука за продолжување на постапката.

Во конкретниот случај, предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност бил поднесен на 14.10.2020 година, а постапката била прекината на 23.03.2021 година. За време на прекинот на постапката роковите не течат што значи дека до прекинот - 23.03.2021 година биле изминати 5 месеци и 9 дена, а од денот кога била донесена одлука за продолжување на постапката за утврдување дисциплинска постапка - 31.05.2021 година до денот на донесување на сега оспореното решение 07.06.2021 година изминале 7 дена. Од наведеното јасно произлегува дека оспореното решение било донесено во рамките на рокот од 6 месеци.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-51/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право