Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-73/22

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 869.28 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање март 14, 2022
  • Последна промена јули 21, 2024

Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-73/22

(...) „Во конкретниот случај, видно од писмените докази, предлогот за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност е поднесен на 03.06.2020 година, а решението со кое му била утврдена одговорност и му била изречена парична казна од страна на министерот било донесено на 26.02.2021 година, односно после повеќе од 8 месеци по поднесувањето на предлогот, па имајќи ги во предвид погоре цитираните одредби бил изминат законскиот рок од 6 месеци во кој министерот имал обврска да го донесе решението. Во ситуација кога е изминат субјективниот рок од 6 месеци, а кој рок започнува од денот на поднесувањето на предлогот, како ден кога претпоставениот раководител на тужениот дознал за кршењето на работниот ред и дисциплина, а решението било донесено после субјективниот рок од 6 месеци, не може да се примени објективен рок на застареност од 12 месеци од денот на сторената повреда како што наведува тужениот во жалбата, од причини што тужениот го пречекорил субјективниот рок, а не докажа со што бил прекинат субјективниот рок. Во ситуација кога е предвиден субјективен рок, а кој што е пречекорен од тужениот, фактот дека е предвиден објективен рок од 12 месеци се однесува само на тоа дека за вработениот не може да биде утврдена дисциплинска одговорност после истекот на една година од денот кога ја сторил повредата, а не и дека тужениот би можел да донесе решение во тој рок.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-33/22
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право