- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 946.53 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање септември 1, 2022
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-256/22
(...) „Од вака доставените факти од институтот судот несомнено утврди дека тужителот како службено лице вработено кај тужениот консумирал Кокаин со што постапил спротивно на член 16 од Кодексот на полициската етика, како и упатството на начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници. Исто така, тужителот ги сторил и повредите од чл. 187 ст. 10 од ЗВР, со тоа што со своето однесување го нарушил угледот на Министерството. Од друга страна, во текот на постапката тужителот во ниту еден момент не го оспорува својот идентитет на приложената фотографија и истиот призна дека е тој на таа фотографија, наведувајќи дека само не може да се присети поради дејството на алкохол и неговата алкохолизираност. Во контекст на ова се и изјавите на сведоците, од кои судот утврди дека тужителот во критичните денови и места цело време консумирал алкохол во услови кога бил полициски службеник со што постапил спротивно на кодексот на полициската етика нарушуваќи го угледот и на самото Министерство за внатрешни работи. Од ирелевантно значење е фактот дека во текот на дисциплинската постапка не се утврдило за каков вид на прашкаста материја станува збор, во ситуација кога тужителот бил фотографиран и присуствува кога лицето Д. К. ушмркува прашкаста материја, а исто така судот го имаше во предвид и фактот дека тужителот по сопствена иницијатива се пријавил да биде извршено лабараториско испитување на крв и урина во Институтот во С. што упатува на фактот дека тужителот постапил спротивно на член 187 ст. 1 точка 10 од Законот за внатрешни работи и чл. 208 ст. 1 т. 6 и т. 10 од КД на тужениот, па судот врз основа на изведените докази во текот на постапката правилно постапил кога со побиваната пресуда го одбил тужбеното барање на тужителот за поништување на решението за отказ на договорот за вработување како незаконито.”