- Version
- Преземи 0
- Големина на фајлот 891.62 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 12, 2021
- Последна промена јули 21, 2024
Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-532/20
(...) „Во член 37-ќ од измените и дополнувањата на Законот за јавните претпријатија Сл. весник 41/2014 предвидено е дека дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминало еден месец од денот кога непосредно раководниот давател на јавна услуга, односно директорот на јавното претпријатие дознал за повредата на службената должност. Дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминале три месеци од денот кога е сторена повредата на службената должност освен ако дисциплинската постапка се поведува по наод на внатрешна ревизија, за што рокот за застареност е една година.
Во конкретниот случај неспорно е дека повредата е сторена на 25.07.2018 година кога од страна на тужителката е издадено одобрението за сеча, а предлогот за поведување на дисциплинска постапка е на 15.05.2019 година. Со оглед на фактот дека дисциплинската постапка е поведена по наод на внатрешна ревизија рокот за застареност е една година и правилно првостепениот суд прифатил дека во конкретниот случај спазен е објективниот рок во кој тужениот требаше да поднесе предлог за поведување на дисциплинска постапка.
Правилно заклучил првостепениот суд дека раководителот на Подружницата К. Б. за сторената повреда сознал на 04.03.2019 година кога до нив е поднесено барање за поведување на прекршочна постапка, односно покана за обвинет па сметано од 04.03.2019 до 15.05.2019 година кога е поднесен предлогот за поведување дисциплинска постапка поминат е и субјективниот рок од еден месец сметано од денот на сознанието. Неспорно е дека согласно член 37-ќ од Законот за јавните претпријатија директорот врз основа на предлогот на дисциплинската комисија донесува одлука за изрекување дисциплинска мерка, но тоа не значи дека субјективниот рок се смета од денот кога директорот на јавното претпријатие дознал за повредата на службената должност, од причини што во член 37-ќ јасно е наведено дека дисциплинска постапка не може да се поведе ако поминал еден месец од кога непосредно раководниот давател на јавна услуга или директорот на јавното претпријатие дознал за повредата на службената должност. Цитираната одредба упатува на заклучок дека како ден на сознание се смета и денот кога непосредниот раководител дознал за сторената повреда во случајот директорот на подружницата, а не само како ден на сознание за сторената повреда да се смета само денот кога за сторената повреда сознал директорот на јавното претпријатие.”