Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 634/14

  • Version
  • Преземи 0
  • Големина на фајлот 138.66 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 16, 2015
  • Последна промена ноември 21, 2021

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ 634/14

„Жалбените наводи на тужениот работодавач во кои се наведува дека од предложените и изведени докази работодавачот со постапката за технолошки вишок не извршил намалување на бројот на вработени поради финансиски потешкотии и негативно работење на ниво на тужениот како работодавач, туку спровел постапка за технолошки вишок поради затворање на една подружница (хотел Б.) која последните пет години од работењето остварувала негативни финансиски резултати и го оптеретувала работењето на работодавачот кој ја покривал загубата и трошоците од работењето на подружницата и исплатувал плати на вработените во тие пет години на терет на другите подружници кои успешно работеле, па во таков случај, би било крајно неправично и неоправдано доколку тужениот како работодавач ги вклучил во постапката за технолошки вишок и ги бодирал вработените собарки од останатите подружници, кои непосредно придонесуваат во остварувањето позитивни финансиски резултати и успех во работењето на работодавачот, се неосновани.

Ова од причина што, работодавачот не постапил во целост согласно законските одредби во спроведување на постапката за технолошки вишок, по однос на изречениот отказ од деловни причини на вработените во подружницата хотел Б., при што неспорно било дека оваа подружница имала финансиски потешкотии и негативно работење, во подолг континуиран период, неспорно било дека истата е бришана од Централниот регистар на РМ. Видно од доказите, откажувањето на договорот за вработување бил извршен на 10 работници од вкупно 310 вработени кај работодавачот што претставува 3% од вкупно вработените, при што не станува збор за колективно отпуштање на поголем број работници во смисла на чл. 95, ст. 1 од ЗРО, а в.в. со чл. 19, 20 и 21 од КД на угостителство. Во конкретниот случај, работодавачот извршил бодирање и рангирање на вработените само во подружницата во хотел Б. при што одлучил на 10 работници кои имале најмал број бодови да им престане работниот однос од деловни причини, додека не извршил бодирање на сите вработени кај работодавачот со што ги ставил во повластена положба другите вработени во останатите подружници, а ова дотолку повеќе што работодавачот бил должен да изврши бодирање на сите вработени на работното место собарки во сите подружници, имајќи предвид дека се работи за намалување на бројот на извршители на работното место собарка и на тој начин да утврди приоритет за задржување на работното место“

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-289/15
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право