- Version
- Преземи 8
- Големина на фајлот 191.56 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање март 23, 2016
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-376/15
„(...) Меѓутоа, за да може да се прифати дека тужениот донел законито решение за откажување на договорот за вработување од деловни причини е должен не само да донесе решение за откажување на договорот за вработување од деловни причини во кое е предвидено правото на испратнина, туку е потребно претходно да спроведе постапка, во која ќе има акт за систематизација во смисла на одредбата од чл. 19, ст. 1 од ЗРО, потоа да има донесено некој акт кој ќе претставува појдовен иницијален акт за спроведување на постапката за намерата за воведување економски, технолошки, организациони и слични промени, реорганизација и организација на работата и работните места во процесот на работењето да се избришат работните места и да им престане работниот однос на вработените согласно чл. 95 од ЗРО, да донесе правилник за измена на актот за организација и систематизација на работни места, бидејќи без оглед на бројот на работници на кои ќе им престане работниот однос од деловни причини, работодавачот е должен да донесе одлука за измена на правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места со укинување работни места или со намалување на бројот на извршители и да донесе нов правилник за систематизација од кој може да се утврди дали е во случајов укинато работното место на тужителката. Тужениот согласно со горецитираната законска одредба од чл. 205 од ЗПП не доставил докази од кои ќе може да се утврди дека има претходно спроведена законска постапка за отказ од деловни причини. Имено, тужениот нема доставено пред сè акт за систематизација на работни места во смисла на чл. 19, ст. 1 од ЗРО, нема доставено некој акт за намерата за воведување економски, технолошки, организациони и слични промени, реорганизација и организација на работата и работните места во процесот на работењето да се избришат работните места и да им престане работниот однос на вработените, нема доставено ни одлука за измена на правилник за систематизација на работни места, иако истиот на записник на главна расправа изјавил дека ќе достави копија од одлуката за измена на правилникот за систематизација, ниту има доставено доказ дека има донесено нов акт за систематизација на работни места во писмена форма.
Во прилог на наведеното одат и одредбите од чл. 72 од ЗРО во којшто е пропишано дека aко работодавачот го откажува договорот за вработување, е должен да го наведе основот за отказот, утврден со закон, колективен договор и акт на работодавачот и да ја докаже основаноста на причината која го оправдува отказот и од чл. 85 од ЗРО, oдлуката за откажување на договорот за вработување, односно одлуката за изрекување на парична казна задолжително се дава во писмена форма, со образложение на основот и причината за откажување на договорот за вработување, односно причината за изрекување на паричната казна со правна поука.
Според горецитираните законски одредби произлегува дека тужениот со тоа што не ги доставил горенаведените акти не ја докажал основаноста на причината која го оправдува отказот, односно истиот не навел доволно образложени и аргументирани причини поткрепени со анализи и докази од кои со сигурност може да се утврди оправданоста на отказот.“