Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-289/15

  • Version
  • Преземи 1
  • Големина на фајлот 139.31 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање април 9, 2015
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-289/15

„(...) по оценка на овој суд, не се исполнети законските услови да се изврши трансформација на работниот однос, бидејќи покрај општите услови за трансформација на работниот однос, потребно е работодавачот да има трајна потреба за одреденото работно место, кое е трајно ослободено и за работното место да се обезбедени финансиски средства (...). Во конкретниот случај предметното работно место – наставник по одделенска настава не било ослободено по основ на пензионирање или други основи, ниту пак имало трајна потреба од тужителката, со оглед дека тужителката била вработена како замена за наставник избран за директор во друго училиште. Исто така, не се обезбедени финансиски средства за работното место на тужителката со цел работниот однос од определено работно време да се трансформира во работен однос на неопределено време, па и по оценка на овој суд, самиот факт што работниот стаж на тужителката кај тужениот во континуитет изнесувал повеќе од 2 години не може да биде причина за трансформирање на работниот однос на тужителката.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-526/14
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право