Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-692/18

  • Version
  • Преземи 4
  • Големина на фајлот 123.51 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање октомври 10, 2018
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-692/18

„(...) тужителката кај тужениот склучила договори на определено време со полно работно време со времетраење од 1.9.2016 г. до 31.8.2018 г. поради заминување на работник во пензија. За работното место наставник по македонски јазик тужениот имал трајна потреба, за што биле обезбедени финансиски средства од траен карактер со старо финансирање (...). Тужителката имала положено стручен испит од 10.5.2016 г., непрекинато работела во тој период, кој од 1.9.2016 г. до денот на пресудувањето е помалку од 2 (две) години во континуитет во вршење исти работи.

(...) кога се работи за трансформација на работен однос од определено работно време во работен однос на неопределено работно време во смисла на одредбата од чл. 46, ст. 4 од ЗРО, потребно е работникот да работи кај ист работодавач на исто работно место кое е ослободено по основ на пензионирање, повеќе од 2 години.

Фактот што тужителката кај уште двајца работодавачи, (...) била во работен однос на определено време како наставник по македонски јазик со вкупен стаж од околу 6 (шест) месеци и во (...) била во работен однос како наставник по македонски јазик со вкупен стаж од 5 (пет) месеци и 15 (петнаесет) дена како замена на наставници кои биле отсутни поради болест и породилно отсуство, не е од влијание во конкретниот случај, од причина што за да може да се трансформира работниот однос на неопределено време во смисла на одредбата од чл. 46, ст. 4 од ЗРО, неопходно е тужителката да работи на работното место наставник по македонски јазик кај сега тужениот како работодавач повеќе од 2 години, бидејќи во конкретниот случај, од страна на Министерството за финансии е добиена согласност за обезбедени финансиски средства за вработување на неопределено работно време за учебната 2017/2018 г., но истите се однесуваат конкретно за вработување кај тужениот (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-718/18
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право