Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1095/18

  • Version
  • Преземи 9
  • Големина на фајлот 196.66 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање февруари 13, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1095/18

„(...) правилно првостепениот суд утврдил дека тужителката кај тужениот засновала работен однос на определено време на работно место негователка, со полно работно време врз основа на договор за вработување (...) од 16.5.2011 г. до враќање на отсутен работник од боледување за 4 месеци, сметано од 16.5.2011 г., а потоа работниот однос кај тужениот ѝ бил продолжен и работела кај истиот повеќе од 5 години, односно во време на поднесувањето на барањето за трансформација на работен однос тужителката имала непрекинат работен стаж на истото работно место од неполни 7 години.

Според тоа, правилно судот оценил дека биле исполнети условите за трансформација на работниот однос на тужителката од определено во работен однос на неопределено време согласно со чл. 46, ст. 1 и ст. 3 од ЗРО, со оглед дека тужителката до тужениот доставила барање за трансформација на нејзиниот работен однос, како и ги исполнила условите за засновање работен однос на неопределено време, бидејќи тужителката имала завршено IV степен образование – средно медицинско училиште и имала положено државен испит што било во согласност со Законот за заштита на децата, а и тужениот во смисла на одредбата од чл. 22, ст. 13 од ЗВЈС редовно обезбедувал согласност за финансиски средства од надлежен орган за давање согласност на годишниот план за вработување. Со оглед на наведеното, произлегува дека тужениот е должен да ѝ го трансформира работниот однос на тужителката од определено на неопределено време.”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1392/19
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право