Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1877/19

  • Version
  • Преземи 13
  • Големина на фајлот 215.64 KB
  • Број на датотеки 1
  • Датум на креирање јули 14, 2020
  • Последна промена август 14, 2022

Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-1877/19

„(...) во случајов, не се исполнети законските услови од чл. 22, ст. 15 од Законот за вработените во јавниот сектор, работниот однос на тужителката да се трансформира од определено време на неопределено време.

(...) при состојба кога е утврдено дека тужителката била вработена на определено работно време со полно работно време на работно место негователка до враќање на отсутен работник од боледување, односно на 6 месеци, сметано од 1.10.2013 г., но и тоа дека по изминување на овој рок, не е склучен нов договор за вработување на определено време поради замена на отсутен работник до негово враќање на работа, како и при услови кога тужениот докажал дека нема податоци дека во периодот од 1.1.2013 г. до вработувањето на тужителката, постоел отсутен работник кого тужителката го заменувала или дека конкретното работно место било испразнето – ослободено по основ на пензионирање или друг основ, а спротивно на тоа, тужителката не докажала дека истата заменувала конкретен отсутен работник, не е исполнет условот за трансформирање на работниот однос на тужителката од определено на неопределено време согласно со чл. 22, ст. 15 од Законот за вработените во јавниот сектор.

Во конкретниот случај и со примена на одредбата од чл. 46 од Законот за работните односи, не се исполнети законските услови работниот однос на тужителката да се трансформира од определено на неопределено време.

Тужителката работела повеќе од две години, а помалку од пет години кај тужениот, истата немала засновано работен однос на работно место кое е ослободено по основ на пензионирање или други основи, поради што не се исполнети кумулативно законските услови за трансформација на работниот однос од определено на неопределено време според чл. 46 од Законот за работните односи (...).”

Претходно Пресуда на Апелационен суд Битола РОЖ-217/20
Поддржано од

Здружение за трудово

и социјално право

 

E-маил: contact@trudovopravo.mk 

Copyright © 2023 Здружение за трудово и социјално право