- Version
- Преземи 16
- Големина на фајлот 141.84 KB
- Број на датотеки 1
- Датум на креирање април 22, 2015
- Последна промена август 13, 2022
Пресуда на Апелационен суд Скопје РОЖ-780/14
Работодавачот (тужениот) постапил спротивно на чл. 101 од ЗРО кога го донел оспореното решение со кое на работничката (тужителката) ѝ престанал работниот однос кај работодавачот согласно со чл. 82 од ЗРО, а поради тоа што работничката во период на месец јули и август 2013 година не доаѓала на своето работно место, а од почетокот на месец септември 2013 година воопшто не се појавила на работа, а своето отсуство не го оправдала, ниту пак го најавила боледувањето со што го прекршила работниот ред и дисциплина и не ги исполнила работните задачи.
Според тоа, иако, работодавачот знаел дека работничката била бремена и не смеел да ѝ го откаже договорот за вработување за време на бременост, сепак работодавачот ѝ врачил отказ на договорот за вработување на работничката, кој во конкретниот случај е ништовен, односно не произведува правно дејство од денот на неговото издавање, кое нешто е во согласност со чл. 101 од ЗРО.
Исто така, согласно чл. 9-б од Законот за изменување и дополнување на ЗРО („Сл. в. на РМ”, бр. 13 од 21.1.2013 година) се предвидува заштита од дискриминација на работничка по основ на бременост, раѓање и родителство, забранети се сите облици на дискриминација на работничка поради бременост, раѓање и родителство, без оглед на времетраењето и видот на работниот однос заснован согласно закон. Забраната на дискриминација се однесува на пристапот до вработување, условите за работа и сите права од работен однос и откажувањето на договорот за вработување на работнички кои се наоѓаат во состојба на бременост или користат права кои произлегуваат од раѓање и родителство.
Во услови кога работничката била бремена, а за тоа бил запознаен работодавачот, решението за престанок на работниот однос е незаконито.